а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

имитира

имитираат; имитирајќи
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 9134
1. Подражава, прави нешто според даден пример, по образец на некој друг.
Англиски: imitate Албански: imiton
Употреба: Ликовна уметност
Примери:
Тој вешто ги имитира чудесните потези на Пикасо.
2. Подражава гласови, движења, манири на други луѓе, птици, животни и др.
Англиски: imitate Албански: imiton
Примери:
Тој во се, секојдневно, го имитира својот професор.
Ги имитираше сите животни, а особено мачките и петлите, та со нивните гласови правеше секаде разни шеги.
Изведенки
1. имитирање ср.
глаг. им.
2. имитира св. и несв.