а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

изрез

мн. изрези
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 57263
1. Место каде што е нешто изрежано.
Англиски: notch Албански: dhëmbëz, e premë
Примери:
На рабушот се прави кос изрез за да се значи 100 снопа.
На стеблото имаше длабок изрез од секира.
2. Отвор на облека, обично околу врат.
Англиски: décolleté Албански: vrimë, hapje
Примери:
Рабовите на предниот изрез се украсени со вез.
Вратен изрез.