изрез
мн. изрези
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 57263
1.
Место каде што е нешто изрежано.
Англиски:
notch
Албански:
dhëmbëz, e premë
На рабушот се прави кос изрез за да се значи 100 снопа.
На стеблото имаше длабок изрез од секира.
2.
Отвор на облека, обично околу врат.
Англиски:
décolleté
Албански:
vrimë, hapje
Рабовите на предниот изрез се украсени со вез.
Вратен изрез.
Слично со:
деколте (ср.)