а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

израсне

израснат; израсни, израснете; израснав, израснаа; израснал; израснат израснев, израснеа; израснел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 3781
1. За растение - никнувајќи на некаква почва, се појави надвор од неа, изникне и почне да расте и да се развива во целиот свој раст.
Англиски: grow Албански: rrit
Примери:
Hа патеката израснала трева.
2. За друго што расте - никнувајќи на некаква основа, се појави надвор од неа.
Англиски: grow Албански: rrit
Примери:
Hа детето му израснаа првите заби.
3. Се развие во определен или во целиот свој раст.
Англиски: grow Албански: rrit
Примери:
Нашите деца израснаа, ние остаревме.
Канадските тополи во паркот израснаа многу брзо.
4. Одгледа до израснување.
Англиски: raise Албански: ngre
Примери:
Останата без маж, мајката сама ги израсна децата.
5. Расне повеќе од некоја претходно утврдена големина.
Англиски: outgrow Албански: rritet
Употреба: Преносно значење
Примери:
Ги израсна алиштата.
6. се развие, се изгради, се издигне
Англиски: develop Албански: zhvilloj
Примери:
Израсна во прекален борец.
Фестивалот на изворен фолклор израсна во најмасовна и најзначајна манифестација што го презентира македонскиот изворен фолклор.
На местото на трошната куќичка израсна убава голема куќа.
Изведенки
1. израснува несв.
израснуваат
2. израснување ср.
глаг. им.