а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

изброи

избројат; изброј, избројте; избројав, избројаа, изброив, изброија; избројал, изброил; избројан, изброен; изброев, изброеја; изброел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 5272
1. Изговара броеви по ред.
Англиски: count out Албански: numroj
Примери:
Детето изброја до сто без грешка.
2. Утврди колку единици има во едно множество.
Англиски: count Албански: numroj
Примери:
Продавачот ги изброи парите и ја затвори касата.
3. Наброи некому пари, даде, исплати пари.
Англиски: pay out Албански: paguaj
Примери:
Му ги изброи парите пред сведоци.
4. (се изброи) Се преброи како дел од некое множество.
Англиски: count Албански: numroj
Примери:
На ридот се избројавме колку сме останале.
Изведенки
1. избројува несв.
избројуваат
2. избројување ср.
глаг. им.