а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

игра

играат; играм, играте; играв, игравме; играл
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 578
1. Се занимава, се забавува на некаков начин, со нешто, со некаква игра.
Англиски: play Албански: luan
Примери:
Децата играа криенка.
Малиот играше со татка си.
Навечер игравме карти.
Соседите често играа шах.
2. Се занимава со одредена спортска дисциплина; учествува во спортски натпревар, има одредена улога во однос на другите натпреварувачи.
Англиски: play Албански: luan
Употреба: Спорт
Примери:
Тој игра кошарка во најдобриот клуб.
На игралиштето момчињата играа мал фудбал.
Фудбалерот играше десен бек.
3. Учествува во изведба на оро, танц и сл.
Англиски: dance Албански: vallëzon
Употреба: Музика и танц
Примери:
Игра таа и како змија се свива.
Момчињата го играа машкото оро.
Едни свадбари играа, други пееја.
4. Настапува како актер, толкува ролја.
Англиски: act Албански: aktron
Употреба: Сцена
Примери:
Во филмот тој играше главна улога.
5. (само во 3.л.) Се прикажува во кино.
Англиски: show Албански: shfaqet
Примери:
Што игра денеска?
Тој филм ќе игра утре.
6. Привидно поигрува, мрда, трепери.
Англиски: quiver Албански: lëviz
Употреба: Преносно значење
Примери:
Белите снегулки играа во воздухот.
Ѕвездите играат по небото.
Срцево ми игра, снагава ми трепери од радост.
Брановите му играат пред очи.
7. (Ми, ти, му... се игра) Сака да игра.
Англиски: play Албански: don të luaj
Примери:
Ми се игра.
Ако не ти се игра тебе, на детето му се игра.
8. (си игра) Се забавува со играње, сам или со некого.
Англиски: entertain Албански: argëtohet
Примери:
Децата си играат со песокта.
Сестричката си играше со братчето.
Старецот си играше со бројаниците.
Ветрот си играше со паднатите лисја.
Изрази
Игра важна улога - е од големо значење.
Игра на туѓа свирка/како што му свират други - работи, постапува по туѓа волја, според желбата на други.
Игра мајтап со некого - се мајтапи, се подигрува, се подбива со некого.
Ќе каже и оро ќе игра - ќе каже и од принуда, под присила.
Си игра со пари - многу е богат.
На свадба да ти играм(е) - благослов.
Изведенки
играње ср.
глаг. им.
Пример: Сала за играње.