а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

игличка

мн. иглички
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 17113
1. игла
Англиски: needle Албански: gjilpërëz
Употреба: Деминутив
Примери:
Со игличка вади трнче од прстот.
2. Лист кај иглолисните растенија.
Англиски: leaf Албански: gjeth halor
Употреба: Ботаника
Примери:
иглички од бор
3. (обично во мн.) Водени честички, налепени околу некаков предмет, во смрзната состојба.
Англиски: ice crystals Албански: kristal akulli
Употреба: Преносно значење
Примери:
иглички од иње
4. Тоа што предизвикува чувство на боцкање.
Англиски: pin Албански: gjëmbim, shpuarje
Примери:
Студот боцка со танки иглички по образите.
5. јаглика
Англиски: primrose Албански: aguliçe
Употреба: Ботаника