а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

зрее

зреат; зреј, зрејте; зреев, зрееја; зреел; зреен; зреејќи; зреење; зреав, зреаја; зреал, зреан
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 7707
1. Станува зрел, узрева.
Англиски: ripen Албански: piqet
Примери:
Грозјето зрее.
Житото зрее.
2. За некои производи - стасува за употреба, добива вкус.
Англиски: ripen Албански: arrin, piqet
Употреба: Преносно значење
Примери:
Биеното сирење се остава да зрее.
3. За човек - достигнува целосен умствен и физички развиток.
Англиски: mature Албански: pjekë
Употреба: Преносно значење
Примери:
Од твоето однесување гледам дека уште треба да зрееш.
4. За мисла, план - се дооформува.
Англиски: mature Албански: piqet, formohet
Примери:
Во потсвеста му зрееше желбата да се врати во родната земја.
Идејата зрее и наскоро ќе ја реализираме.
Изведенки
зреење ср.

глаг. им.