здравица
мн. здравици
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 11518
1.
Краток говор или затврден израз од неколку зборови што се кажува со крената чаша пијалак, кој се пие во нечие здравје, во нечија чест или за нечиј успех.
Примери:
Држи здравица.
Се слушнаа многу здравици.
2.
Сад или шише со вино или со ракија со кој се кани на свадба, крштевка и сл.
Примери:
Му наточи две здравици вино.
Слично со:
чутура (ж.)