збир
мн. збирови
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 5761
1.
Број што се добива со собирање на два или повеќе броеви.
Примери:
Определи го збирот на дадените броеви.
Слично со:
сума (ж.)
2.
Резултат од собирање, на собирање повеќе предмети, нешта.
Англиски:
total
Албански:
shuma, total
Собата претставуваше збир од стари делови мебел без смисла за вкус.
Животот е збир на случајности.
Ова дело е збир на повеќе теми.