заштеди
  
    
    
  
  
      
          
            
              заштедат; заштедил; заштеден; (ќе) заштедел
            
          
      
    
    
    
      Вид збор: Глагол, свршен
    
    
	    
	      Ранг: 11956
	    
	
    
    
      
          1.
          Почне да штеди.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Откако се вработи, заштеди, ама сѐ уште нема доволно за стан.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          2.
          Собере пари со штедење.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Заштеди за стан. 
	              
	            
	          
	            
	              Заштеди пет илјади денари овој месец.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          3.
          Направи заштеда во средства, стоки, време и сл.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Овој начин на работа ќе ни заштеди и енергија и материјал.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  Изведенки
      
      
        
          
          1. 
          заштедува несв.
заштедуваат
          
          
          
        
      
        заштедуваат
          
          2. 
          заштедување ср.
глаг. им.
          
          
        
      
    
глаг. им.