а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

зачешла

зачешлаат
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 28321
1. Почне да чешла.
Англиски: comb Албански: kreh
Примери:
Таа ја зачешла долгата бујна коса со бавни и хармонични движења на рацете.
2. Исчешла малку, набрзина.
Англиски: comb Албански: kreh
Примери:
Мајката не успеа ни да го измие детето, само го зачешла набрзина.
3. Со чешлање среди коса.
Англиски: comb Албански: kreh
Примери:
Тој ја зачешла косата на патец.
Девојчето ја зачешла косата зад уши.
4. (се зачешла) Почне да се чешла.
Англиски: comb Албански: kreh
Примери:
Се зачешла гледајќи се во огледалото и се замисли.
5. (се зачешла) Се исчешла малку, набрзина.
Англиски: comb Албански: kreh
Примери:
Набрзина стана, се изми, се зачешла и истрча надвор.
Се зачешла во лифтот.
6. (се зачешла) Со чешлање си ја среди косата.
Англиски: comb Албански: kreh
Примери:
Тој се зачешла нагоре.
Изведенки
1. зачешлува несв.
(се) зачешлуваат
2. зачешлување ср.
глаг. им.