а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

заулави

заулават
Вид збор: Глагол, свршен
1. Направи некого улав, луд.
Англиски: madden Албански: çmend
Примери:
Таа девојка им го заулави синот.
Проблемите како да го заулавија човекот.
2. Почне да се однесува како улав, да лудува.
Англиски: madden Албански: çmend
Примери:
Човекот се помести од умот и заулави по селото.
3. (се заулави) Стане улав, луд.
Англиски: madden Албански: çmendet
Примери:
Го избркаа од куќата зашто се беше заулавил.
Изведенки
1. заулавува несв.
(се) заулавуваат
2. заулавување ср.
глаг. им.