а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

запраши

запрашат; запрашил; запрашен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 30612
1. Покрие, потури со прав; крене прав.
Англиски: dust Албански: fshij pluhurin
Примери:
Таа го запраши замрзнатиот двор со пепел.
Автомобилите го запрашија воздухот.
2. За земја, насад - посипе со прашок заради уништување на штетни инсекти.
Англиски: spray Албански: spërkat
Употреба: Земјоделство
Примери:
Отидоа да го запрашат лозјето.
3. Ископа, скопа со прашалка.
Албански: rrëmoj
Примери:
Денес ќе го запрашиме кромидот, а утре пченката.