а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

заплетка

заплеткаат
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 8587
1. За конец, предено - направи да биде во неред.
Англиски: entangle Албански: ngatërroj
Примери:
Детето ми ги заплетка конците за шиење.
При вадењето рибарите ја заплеткаа мрежата.
2. Заглави, вовлече нешто во друго нешто.
Албански: ngatërroj
Примери:
Тој ги заплетка прстите во густата замрсена волна.
3. Збрка некоја работа.
Англиски: mix up Албански: koklavit
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тие двајца ја заплеткаа оваа работа.
4. Вовлече некого во некоја мешаница, во некоја збркана работа.
Англиски: involve Албански: tërheq
Примери:
Сите до еден ги заплетка во аферата.
Тој ме заплетка во една сомнителна работа.
5. (се заплетка) се замрси
Англиски: entangle Албански: ngatërroj
Примери:
Додека везев, конецот ми се заплетка неколку пати.
6. (се заплетка) Се заглави во нешто.
Англиски: stuck Албански: ngatërroj
Примери:
Неколку риби се заплеткаа во мрежата.
Tопката ни се заплетка во капињакот.
7. (се заплетка) Се збрка, се измеша.
Англиски: complicate Албански: ndërlikoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Работите одново се заплеткаа.
8. (се заплетка) За говор - се збуни, се збрка.
Англиски: confuse Албански: pështjelloj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тој се заплетка и запелтечи нешто.
Изведенки
1. заплеткува несв.
(се) заплеткуваат
2. заплеткување ср.
глаг. им.