а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

замае

замаам, замаат; замај, замајте; замајав, замајаа; замајал; замајан; замаев, замаеја; замаел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 29020
1. Забави, завртка, задржи некого.
Англиски: hold off Албански: lë të presë
Примери:
Сосетката ме замаја, та затоа задоцнив.
2. Занесе некого со нешто.
Англиски: sway Албански: ndikoj
Примери:
Тој ја замаја девојката со слатки ветувања.
Залезот на сонцето го замаја момчето.
3. зашемети, замелуши
Англиски: dizzy Албански: trallis
Примери:
Алкохолот му ја замајал главата.
4. (се замае) Се забави, се завртка, се задржи.
Англиски: hold off Албански: vonoj
Примери:
Се замајав со децата и задоцнив на работа.
5. (се замае) се занесе
Албански: harroj
Примери:
Таа се замаја од убавата глетка.
6. (се замае) се зашемети, се замелуши
Англиски: dizzy Албански: trallis
Примери:
Се замајале од силниот мирис.
Изведенки
1. замајува несв.
(се) замајуваат
2. замајување ср.
глаг. им.