залегне
залегнат; залегни, залегнете; залегнав, залегнаа; залегнал; залегнат; (ќе) залегнев, (ќе) залегнеа; (ќе) залегнел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 15491
1.
Легне за подолго време (поради болест, изнемоштеност).
Примери:
Старецот залегна во постела.
Слично со:
залежи (св.)
2.
Легне, се спружи на земја, обично за да се скрие од некого или од нешто.
Примери:
Залегнаа и отворија брза стрелба.
Залегнал крај една карпа.
3.
За чувство, мисла - остане трајно, се вреже длабоко во свеста.
Примери:
Немир ми залегна во душата.
Изведенки
залегнува несв.
залегнуваат
залегнуваат