а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

закове

заковат; закови, заковете; заковав, заковаа; заковал; закован; заковев, заковеа; заковел; заковен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 7823
1. Забие клинци во нешто со ковење.
Англиски: nail Албански: gozhdoj
Примери:
Прозорците ги заковале со штици.
Тој ја закова вратата со клинци.
2. Прикрепи, прицврсти нешто со ковење.
Англиски: nail Албански: gozhdoj
Примери:
Со камен го закова колот во ливадата.
Знамето го заковаа на главната катарка.
3. Почне да кове, да обработува метал.
Англиски: forge Албански: falsifikoj
Примери:
Ковачот го закова штотуку изваденото железо од огнот.
4. Стави окови некому.
Албански: pranga
Употреба: Народна поезија
Примери:
Рацете им беа заковани во пранги.
5. Вкочани, онеспособи движење.
Англиски: immobilize Албански: ngujoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Таа ги беше заковала очите во подот.
Болеста ја закова за постелата неколку години.
Изведенки
1. закова несв.
заковаат
2. заковање ср.
глаг. им.
3. заковува несв.
заковуваат
4. заковување ср.
глаг. им.