а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

загрми

загрмат; загрме
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 13299
1. Почне да грми.
Англиски: thunder Албански: bubullon
Употреба: Безлично
Примери:
Надвор се наоблачи и загрми.
2. За оружје - почне да пука, запука.
Англиски: bang Албански: kërset
Примери:
Од сите страни загрмеа пушките.
Двоцевката загрме два пати, едноподруго.
3. Одекне силно, испушти силен звук сличен на грмеж.
Англиски: resound Албански: gjëmon
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тогаш загрме силен тресок.
Во салата загрме весела смеа.
Барабаните силно загрмеа.
4. Викне силно, громко.
Англиски: shout Албански: bërtas
Употреба: Преносно значење
Примери:
Не! - загрмеа селаните.
Јуриш! - загрме командантот.
Изведенки
загрмува несв.
загрмуваат