а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

завладее

завладеат; завладеј, завладејте; завладеав, завладеаја; завладеал; завладеан; (ќе) завладеев, (ќе) завладееја; (ќе) завладеел; завладеен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 4719
1. Воспостави своја власт, освои нешто.
Англиски: rule Албански: qeveris
Примери:
Војската завладеа со градот.
Бегот го завладеал целото село.
2. Настане, настапи некаква состојба.
Англиски: reign Албански: mbretëroj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Во салата завладеа тишина.
Во собата завладеа паника и метеж.
3. Обземе некого некакво чувство.
Англиски: reign Албански: pushtoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Го завладеа мрачно чувство на осаменост.
Меѓу нив завладеа омраза.
Изведенки
1. завладува несв.
завладуваат
2. завладување ср.
глаг. им.