забуна
мн. забуни
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 22342
1.
збунетост, несигурност, недоумица
Примери:
За да ја скрие забуната, зачепка околу радиото.
Таа ја виде неговата забуна, но не разбра одошто е.
Нејзиното плачење ме фрли во забуна и немир.
Слично со:
недоумица (ж.)
2.
грешка, заблуда
Примери:
Во овој случај не може да дојде до забуна.
Тие ги создаваа најголемите забуни во врска со македонското име.
Слично со:
заблуда (ж.)
3.
немир, неспокојство
Примери:
Неговите последни зборови предизвикаа забуна кај публиката.
Пукањето на пушката предизвика забуни кај војниците.
Умееше да создава забуни во непријателската заднина.
Слично со:
неспокојство (ср.)