а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

забричи

забричат
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 32224
1. Почне да бричи некого.
Англиски: shave Албански: rruhem
Примери:
Берберот го забричи младото момче.
2. Почне за првпат да бричи некого.
Англиски: shave Албански: rruhem
Примери:
Утре кумот ќе го забричи младоженецот.
3. Избричи набрзина.
Англиски: shave Албански: rruhem
Примери:
Го забричи надве-натри и го поведе со себе.
4. (се забричи) Почне редовно да се бричи.
Англиски: shave Албански: rruhem
Примери:
Тој се забричи од пред некое време.
5. (се забричи) Почне за првпат да се бричи.
Англиски: shave Албански: rruhem
Примери:
Тој се забричи уште на петнаесет години.
6. (се забричи) Се избричи набрзина.
Англиски: shave Албански: rruhem
Примери:
Брзо се забричи и излезе.
Изведенки
1. забричува несв.
(се) забричуваат
2. забричување ср.
глаг. им.