забричи
Види и:
бричи (несв.)
забричат
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 32224
1.
Почне да бричи некого.
Примери:
Берберот го забричи младото момче.
2.
Почне за првпат да бричи некого.
Примери:
Утре кумот ќе го забричи младоженецот.
Слично со:
бричи (несв.)
3.
Избричи набрзина.
Примери:
Го забричи надве-натри и го поведе со себе.
4.
(се забричи) Почне редовно да се бричи.
Примери:
Тој се забричи од пред некое време.
5.
(се забричи) Почне за првпат да се бричи.
Примери:
Тој се забричи уште на петнаесет години.
6.
(се забричи) Се избричи набрзина.
Примери:
Брзо се забричи и излезе.
Изведенки
1.
забричува несв.
(се) забричуваат
(се) забричуваат
2.
забричување ср.
глаг. им.
глаг. им.