заборави
заборават; заборавиш; заборавил; (ќе) заборавеше; (ќе) заборавел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 447
1.
Пропушти да направи нешто.
Примери:
Заборавил да дојде.
Заборави да ја затвори вратата.
Јас се заприкажував и заборавив да те поздравам.
2.
Остави, не зеде нешто со себе поради невнимание, расеаност и сл.
Англиски:
leave
Албански:
harroj, lë
Да не го заборавите фенерот.
Го заборавив клучот.
Во трњакот ја заборавил капата.
3.
Занемари, запостави, престане да се грижи за некого или за нешто.
Примери:
Одминуваат и не се обѕрнуваат, сосем ме заборавиле.
Го однесоа во болница и го заборавија.
4.
(се заборави) се занесе, се изгуби
Албански:
humbem
Веќе се бев заборавил уживајќи во работата.
Загледан во книгата, тој полека се заборави.
Другарчињата се разиграа и онака весели се заборавија.
Слично со:
занесе (св.)
5.
(се заборави) Претера во нешто, изгуби контрола над своите постапки.
Албански:
harroj
Може се заборавил и кажал гласно некои работи.
Изведенки
1.
заборава несв.
(се) забораваат
(се) забораваат
2.
заборавање ср.
глаг. им.
глаг. им.