жртва
мн. жртви
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 846
1.
Тоа што се принесува како дар на некое божество во знак на благодарност или за придобивање милост.
Примери:
Новата жртва ја водат кон жртвеникот.
2.
Тој што е убиен, протеран, настрадан во војна, од насилство; тој што трпи страдања и неволји што му ги нанесуваат други.
Примери:
Тој трагично загинал како жртва на војната.