евиденција
(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 5881
1.
Забележување, воведување во книги, правење попис на тоа што се случува, што се работи.
Примери:
За сѐ се води точна евиденција.
Слично со:
попис (м.)
2.
фактичка состојба
Примери:
Претседателствата на друштвата поднесоа точна евиденција со која се покажа голема масовност.
Имам прецизна евиденција за состојбите во регионот.