а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

дува

дуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 2278
1. Дејствува како воздушна струја и предизвикува слабо или силно движење на воздухот.
Англиски: blow Српски: дувати Албански: fryj Бугарски: духам
Примери:
Надвор дуваше ветер.
Дуваше југ и ги топеше снеговите.
Мислев дека ти дува низ оџакот.
2. Испушта од устата воздушна струја и ја тера, насочува кон нешто.
Англиски: blow Албански: fryj
Примери:
Дуваме во прстите.
Дувал да распали оган.
Го дуваше правот.
3. Свири на некој дувачки инструмент.
Англиски: blow Албански: fryj
Употреба: Разговорно
Примери:
Дувал во долга труба.
Постојано дува во гајдата.
4. Прави, изработува нешто со помош на силна воздушна струја во фабрика за стакло.
Англиски: blow Албански: fryj
Примери:
Дуваат шишиња.
Изрази
Кој се попарил од млекото, дува и на маштеницата - се вели за некој што еднаш бил излажан, насамарен, па станал премногу претпазлив.
Изведенки
дување ср.
глаг. им.