а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

дослуша

дослушаат
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 20952
1. Заврши со слушањето, ислуша до крај.
Англиски: listen Албански: dëgjoj deri në fund
Примери:
Тие внимателно го дослушаа предавањето на професорот.
Тој ја дослуша емисијата и го исклучи радиото.
2. Успее да долови со слухот, да чуе нешто.
Англиски: hear Албански: dëgjoj
Примери:
Јас дослушав некаква врева во дворот.
Моторното брчење го дослушаа дури кога беа во долот.