а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

доктор

мн. доктори
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 711
1. (едн.) Највисок академски степен што се добива со изработка и одбрана на значаен научен труд во определена област на науката.
Англиски: doctor Албански: doktor
Употреба: Образование
Примери:
Кандидатот се здоби со научен степен доктор по филолошки науки.
2. Лице што се здобило со таков научен степен.
Англиски: doctor Албански: doktor
Употреба: Образование
Примери:
Тој е доктор по филозофија.
3. лекар
Англиски: physician Албански: mjek
Употреба: Медицина
4. Лице што се разбира во нешто, што е добар познавач на нешто.
Англиски: expert Албански: njohës, ekspert
Употреба: Преносно значење
Примери:
Отецот беше доктор за вино.
Изрази
Почесен доктор - титула што се доделува на научен или општествен работник како признание за големите заслуги во областа на науката или на општествениот живот.
Изведенки
докторка ж.
мн. докторки