а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

доколку

Вид збор: Сврзник
Ранг: 645
1. (до колку) За означување на сразмерност (во сооднос/заедно со прилогот дотолку).
Англиски: insofar
Примери:
Доколку му беше мачно што не стигнаа во некое населено место, дотолку господарот му беше задоволен што ќе може да преспие под ведро небо.
Доколку би се успеало да се определат сите лексички синоними, дотолку појасна слика би имале за првобитниот словенски превод.
2. За означување на можност, веројатност.
Англиски: if
Примери:
Ја молам одбраната да продолжи со прашањата, доколку ги има.
Би сакал да зборувам со госпоѓата, доколку не сум ја погрешил куќата.
Тие нема да го продолжат учеството во работната група, доколку не се створат соодветни услови.