а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

доведе

доведат; доведи, доведете; доведов, доведоа; довел; (ќе) доведев, (ќе) доведеа; (ќе) доведел; доведен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 914
1. Со придружување помогне или натера да дојде некој на определено место.
Англиски: bring Албански: sjell
Примери:
Ќе доведам луѓе да те извлечат од оваа јама.
Јас ќе го доведам ако не сака сам да дојде.
2. Постави некого или помогне некој да биде поставен на определена позиција во општеството, во работна организација и сл.
Англиски: bring Албански: sjell
Примери:
Директорот доведе нови, стручни луѓе во фабриката.
Доведоа на престолот еден плиткоумен несреќник.
3. Земе во куќата жена за женидба; се жени.
Англиски: marry Албански: martoj
Примери:
Невеста доведе, венчањето падна, а тој уште на вересија работи.
4. Донесе со себе деца од претходниот брак.
Англиски: bring Албански: solli, pruni
Примери:
Таа во вториот брак довела две деца од првиот.
5. Предизвика нешто, доведе до некаков настан.
Англиски: cause Албански: sjell
Примери:
Силни политички страсти доведоа до остри напади врз комисијата.
Со своето пијанство го доведе семејството до питачки стап.
6. Изрази, предизвика некаква состојба, расположение.
Англиски: lead Албански: shpie
Примери:
Тие зборови го доведоа до лудило и очај.
Неговата лекомислена страст го доведе во оваа срамна положба.
7. Во состави со именки.
Англиски: bring Албански: pruni, solli
Примери:
Доведе во ред - среди, намести.
Доведе во врска - поврзе.
Доведе до заклучок - заклучи.
Доведе во прашање - загрози нешто.
Изведенки
1. доведува несв.
доведуваат
2. доведување ср.
глаг. им.