дланка
мн. дланки
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 637
1.
Внатрешната страна на раката без прстите.
Примери:
Во дланката држеше ситна пара.
2.
Мерка за должина.
Англиски:
hand's breadth
Албански:
pëllëmbë
Само везирот и конзулот и меѓу нив, за дланка пониско, склопчен седеше тој.
Изрази
Како капка вода на дланка - грижливо чува.
Чита од дланки - ја претскажува иднината гледајќи во линиите на дланката.
Се гледа како на дланка - точно и јасно се гледа.
Познава како својата дланка - добро познава некого или нешто.
Изведенки
1.
дланче ср.
мн. дланчиња
дем.
мн. дланчиња
дем.
2.
дланчиште ср.
мн. дланчишта
аугм.
мн. дланчишта
аугм.