а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

длабок

длабоки
Вид збор: Придавка
Ранг: 665
1. Што има дно на голема оддалеченост од површината или од отворот.
Англиски: deep Албански: i thellë
Примери:
длабок бунар
длабоко езеро
длабока дупка
2. Што навлегува далеку во внатрешноста на некоја средина, простор.
Англиски: deep Албански: i thellë
Примери:
длабок корен
длабока сцена
длабока шума
3. Што е временски многу оддалечен.
Англиски: far Албански: i largët
Примери:
длабоко минато
длабоки традиции
4. Што навлегол далеку во својот развој, живот.
Англиски: advanced Албански: i thellë
Примери:
длабока есен
длабока старост
5. Што е силно изразен во своите својства.
Англиски: deep
Примери:
длабока мисла
длабока тага
длабоки чувства
длабока омраза
длабоко сочувство
6. низок тон
Англиски: deep Албански: i thellë
Употреба: Музика и танц
Примери:
длабок глас
Изрази
Тоне во длабок сон - цврсто спие.
Има длабок џеб - има многу пари.
Остава длабока трага - останува долго во сеќавање.
Пушти длабоки корења - заземе цврста и постојана положба, се зацврсти на некое место.