длабина
Види и:
длабочина (ж.)
мн. длабини
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 4119
1.
Растојание од површината, од врвот на нешто до дното; длабочина.
Примери:
Долу во длабините на кладенецот тропотливо одѕвонуваа камењата.
2.
Место или простор оддалечен од почетокот на нешто, во внатрешноста, во средината на нешто.
Примери:
Полека навлегоа во длабините на густата шума.
3.
Длабока смисла, длабоко навлегување во некој проблем, темелно разгледување.
Примери:
Неговото дело се карактеризира со длабина и мудрост.
Изрази
Во длабините на душата (срцето) - длабоко во себе.
Од длабината на душата (мрази, сака, чувствува) - во најголема мера, многу, силно.
Изведенки
длабински прид.
длабинскиот
Што оди во длабина.
Пример: Длабинска анализа. Длабинска структура.
длабинскиот
Што оди во длабина.
Пример: Длабинска анализа. Длабинска структура.