а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

диктатор

мн. диктатори
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 9461
Тој што владее со неограничена власт.
Англиски: dictator
Употреба: Политика
Примери:
Барон Коен овој пат го толкува ликот на диктаторот Адмирал Генерал Аладин, големиот лидер кој авторитарно владее со среќно репресираниот народ на измислената држава Вадија.
Кинескиот уметник Чунлогн Сун одлучил да направи мал експеримент и неколку од современите диктатори да ги претстави прегрнати со кадифени играчки.
Изведенки
1. диктаторски прид.
диктаторскиот
Пример: диктаторски режим
2. диктаторски прил.
Пример: Постапи диктаторски.
3. диктаторство ср.
Пример: Диктаторството на новите политичари.