а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

дејство

мн. дејства
Вид збор: Именка, среден род
Ранг: 2109
1. Пројавување некаква енергија, дејствување, функционирање.
Англиски: effect Албански: ndikim, efekt
Примери:
Архимед го открил дејството на лостот.
Разорно дејство на експлозивот.
Ја пушти машината во дејство.
Со голема вештина ги вршеше сите тие дејства.
2. Резултат, последица, влијание, впечаток од нешто.
Англиски: result Албански: ndikim, rezultat
Примери:
Овој отров има смртоносно дејство.
Под дејството на алкохолот стануваше насилен и груб.
Неговите зборови имаа силно дејство.
3. Вооружен судир, борбена акција.
Англиски: action Албански: veprim, aksion
Употреба: Воен термин
Примери:
Започнале воени дејства во пограничните области.
4. Тек од настани, случувања во некое литературно дело.
Англиски: story Албански: tregim
Примери:
Дејството на романот почнува во минатиот век.
Двигатели на дејството во текстот се децата.
Во вториот чин од драмата, дејството достигнува кулминација.
5. Значење, содржина на глаголот.
Англиски: meaning Албански: kuptim
Употреба: Граматика