а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

дело

мн. дела
Вид збор: Именка, среден род
Ранг: 306
1. Резултат, производ од работа.
Англиски: result Албански: rezultat
Примери:
дело на вредни раце
договор на дело
2. Производ на духовниот труд (во областа на уметностите, на науката).
Англиски: work Албански: vepër
Примери:
научно дело
собрани дела
3. постапка, чин
Англиски: act Албански: veprim
Примери:
добро дело
хумано дело
епохално дело
4. Тоа што е сторено, направено.
Англиски: deed Албански: fakt
Примери:
кривично дело
Изрази
Животно дело - најважното научно, уметничко или друго дело што го обележува еден творечки живот.
Ќе излезе дело на видело - ништо не може да се скрие.
Фатен на дело - (раз)откриен при извршувањето на делото.