а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

дедо

мн. дедовци
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 191
1. Татко на еден од родителите.
Англиски: grandfather Албански: gjysh
Примери:
Тој беше плукнат дедо му.
Го замоли деда си да му каже приказна.
2. Татко на жената, на сопругата, во однос на зетот.
Англиски: father-in-law
Примери:
Дедото и зетот беа задоволни од постигнатиот успех.
Тој не беше во добри односи со родителите на својата жена, особено со дедото.
3. Стар човек, старец.
Англиски: old man
Примери:
Стариот дедо Трајко ја отвори портата.
Од црквата излегоа момчиња, девојки, баби, дедовци.
4. предок
Англиски: ancestor
Примери:
Тоа е завет на нашите дедовци.
Тој ги остави коските далеку од гробот на своите дедовци.
5. (само едн.) При обраќање или именување свештено лице или Господ.
Употреба: Црковен термин
Примери:
Добре дојде, дедо попе!
Застудува, дедо владико.
Чекаа да фрли дедо Господ некое облаче пред жешкото сонце.
Изрази
Дедо Мраз - личност од приказните, старец со бела брада и мустаќи, со црвена бунда и ќулавка што дели подароци за Нова година.
Од дедо Ное - од дедо-прадедо - од памтивек, од најстари времиња.
Изведенки
1. деде ср.
мн. дедиња
хип.
2. деденце ср.
мн. деденца
хип.
3. дедуле ср.
мн. дедулиња
хип.
4. дедиште ср.
мн. дедишта
пејор.