а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

девијација

мн. девијации
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 18617
1. Поместување на некое тело од правецот на движење под влијание на нешто.
Англиски: deviation Албански: devijim
Употреба: Физика
Примери:
Кај електричниот компас нема девијации.
2. Негативна промена или изместување во нормалниот развој на одделна појава, процес и сл.
Англиски: deviation Албански: devijim
Употреба: Преносно значење
Примери:
Оваа појава претставува еден вид девијација од јазичната норма.
Тој пишува за девијациите во општествениот живот.