а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

девица

мн. девици
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 8586
1. Девојка што немала сексуални односи; невина девојка.
Англиски: virgin Албански: virgjëreshë
Примери:
Не знаеја дали се омажила или е останата девица.
Витезите скитници го сметале за свој долг да ги заштитуваат девиците.
2. Богородица (некогаш и како додаток покрај името).
Англиски: virgin Mary Албански: Maria virgjër
Употреба: Црковен термин
Примери:
Кога се вратија, Богородице девице, беа бели и свежи, румени, убави.
Тие ги примиле сите чуда: зачнувањето на девицата, воскреснувањето на мртвите...
3. Соѕвездие, зодијачки знак од 24 август до 23 септември.
Англиски: Virgo Албански: virgjëreshë
Примери:
Тој е роден во знакот на девица.