а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

да

Вид збор: Честичка
Ранг: 249
1. За позитивен одговор, за потврдување.
Англиски: yes
Примери:
Дали ќе дојдеш? -Да.
2. За потсилување на точноста на нешто.
Англиски: yes
Примери:
Да, така е.
3. При чукање на врата или при одговор на телефонски повик.
Англиски: yes
Примери:
Да, повелете.
Да, кого барате?
4. За истакнување и за потсилување на дејството (заповед).
Примери:
Да не си станал!
Да не си влегол кај нас!
Да не си писнал!
5. За искажување блага заповед или молба.
Примери:
Да ми дадеш малку леб.
Да ми свариш едно кафе.
Да ми запееш една песна.
6. За искажување покана.
Примери:
Да ми дојдете в недела.
Да ми дојдете на свадба.
7. При благослови и желби за потсилување.
Примери:
Да даде Господ од златна лажица да јадете.
Бог да ви прости.
Бог да ве благослови.
8. Во клетви, при негодување.
Примери:
Да пукнеш!
Да не станеш од место!
9. При чудење и изненаденост.
Примери:
Тој да не праша за мене!?
Тој да се срами!?
10. во прашања
Примери:
Да не не ти е арно?
Да не си болен?
11. За поживо предавање на дејството.
Примери:
Надвор да истура, да врне цела ноќ.