готов
готови
Вид збор: Придавка
Ранг: 812
1.
Што е завршен, направен, изработен.
Примери:
готов мост
готов ручек
2.
Што е подготвен.
Англиски:
prepared
Албански:
i përgatitur
Беа готови за тргнување.
Слично со:
подготвен (прид.)
3.
Што е подготвен, решен, согласен да направи нешто.
Примери:
Девојката беше готова да заплаче.
Готов на сѐ.
Слично со:
решен (прид.)
4.
Што е на пропаѓање, на умирање, на крај на животот.
Примери:
Старецот веќе беше готов.
Изрази
Готова работа - сигурна, завршена работа.
Готова облека - фабрички изработена облека, конфекција.
Дојде на готово - кога работата веќе е завршена.
Од готово вересија - се прави проблем од ништо.
Плати во готово - ја плати целата сума со пари.