господ
(едн.) господе
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 301
христијански бог
Примери:
Во Господ се верува постојано и искрено, и кога ни помага, и кога одмага!
Изрази
Господ здравје да ти даде - желба за добро здравје.
Има Господ - има правда.
Да го поживее Господ - желба за долг живот.
Господ те донесе, те прати - израз на радост за нечие доаѓање.
Жити Господ - за заколнување.
Со Господ напред - со среќа.
Само Господ знае - никој не знае сигурно.
Чул те Господ - желба тоа што велиш да се оствари.
Го виде Господ - помина тежок период од животот.
Господ да чува - желба некоја лоша работа да не се случи.
Што дал Господ - што има, тоа ќе се јаде.
Дал Господ - Господ е дарежлив; има.