галиматијас
мн. галиматијаси
Вид збор: Именка, машки род
Нејасен говор или писмен состав полн со бесмислици.
Примери:
Текстот беше вистински галиматијас.
Слично со:
бесмислица (ж.)