гази
газат преод.
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 2041
1.
стапнува, чекори, оди
Примери:
Ми се чинеше не газам на нозе.
На челото газеше нашиот водник.
Слично со:
стапнува (несв.)
2.
Стапнува на нешто (снег, кал, трева).
Примери:
Гази уморно во снегот.
Матичарот газеше во калта и размислуваше за есенската здодевност.
3.
Преминува преку вода, планина и сл.
Англиски:
wade
Албански:
shkel, ecë
Реката во април не се газеше.
А колку за нас, ние сме научени да ја газиме планинава.
4.
Смачкува со нозе.
Англиски:
crush
Албански:
shkel, shtyp
Ќе ја кренеше и ќе ја бувнеше на земја, ќе ја газеше, ќе ѝ ги искршеше рацете, носот ќе ѝ го смачкаше со тупаница.
5.
угнетува, поробува, потчинува, понижува
Примери:
Без жал ги газеа луѓето.
Слично со:
угнетува (несв.)
Изрази
Гази збор - не го одржува зборот.
Гази на трње - многу внимава.
Гази на лебот - не го почитува гостопримството.
Гази на честа - понижува.
Не гази по гнили штици - оди на сигурно.
Не гази на мравка - многу е добар.
Изведенки
газење ср.
глаг. им.
глаг. им.