а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

вртка

врткаат; врткал
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 5090
1. Усукува предено со врткање на вретено.
Албански: përdredh
2. Задржува некого без потреба.
Англиски: hold up Албански: vonoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Не врткајте ме, имам работа.
3. Чува, има нешто во мал број, во мало количество.
Англиски: keep Албански: ruan
Употреба: Преносно значење
Примери:
Овчарот врткаше по некоја овца.
4. (се вртка) Се задржува некаде без потреба, се мотка.
Англиски: waste time Албански: rezervat
Примери:
Не врткај се таму, веднаш врати се.
5. (се вртка) Работи по нешто, го поминува времето работејќи нешто.
Албански: merret
Примери:
По цел ден се вртка во кујната.
Се вртка низ куќа.
6. (се вртка) Наминува некаде, го минува времето во разговор, во игра.
Албански: merret
Примери:
Попладне се врткаме во клубот.
Изведенки
врткање ср.
глаг. им.