а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

војвода

мн. војводи
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 1621
1. Водач, предводник на бунтовничка дружина или востаничка чета во времето на Турското Царство.
Англиски: leader Албански: duk, vojvodë
Употреба: Историја
Примери:
Се пронесе глас дека ќе дојде војводата Гоце Делчев.
Се собраа прилепските војводи со своите чети.
2. Властелин, старешина на област во некои средновековни држави; висока благородничка титула и денес во некои земји.
Англиски: duke Албански: duk, pushtetar
Употреба: Историја
Примери:
Мечтаел за титулата околиски војвода.
Тој е на служба кај војводата.
Изведенки
1. војвотка ж.
мн. војвотки
Пример: Војвотката на чардашот.
2. војводски прид.
војводскиот
Што се однесува на војвода.