вооружи
вооружат; вооружи, вооружете; вооружив, вооружија; вооружил; вооружен; вооружев, вооружеа; вооружел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 15496
1.
Снабди некого со воени средства, со оружје.
Примери:
Беше празнично облечен и вооружен.
Главниот штаб продолжи да ги вооружува четите.
2.
Снабди, засили некого (со определени средства, знаење) заради извршување определена дејност.
Примери:
Техниката го вооружи човекот со најразлични средства.
Курсот по методика на наставата треба да ги вооружи идните наставници со практични знаења.
3.
(се вооружи) Се снабди со оружје.
Примери:
Народот се вооружи против непријателите.
Изведенки
вооружува несв.
(се) вооружуваат
(се) вооружуваат