а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

волунтаризам

(едн.) волунтаризмот
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 37430
1. Учење според кое волјата е основа и двигател на сѐ што постои.
Англиски: voluntarism Албански: vullnetarizëm
Употреба: Филозофија
2. Идеалистичко сфаќање според кое волјата има главна улога во душевниот живот на човекот.
Англиски: voluntarism Албански: Vullnetarizëm
3. Постапување според својата волја, а не според објективните услови и околности.
Англиски: voluntarism Албански: vullnetarizëm
Употреба: Преносно значење
Примери:
Мина времето на голиот волунтаризам.
4. Нешто што е нестручно, неаргументирано.
Англиски: voluntarism Албански: vullnetarizëm
Употреба: Преносно значење
Примери:
Неговата изјава е чист волунтаризам.