возобнови
возобноват; возобновен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 36247
1.
Прави нешто разурнато, уништено да го добие првобитниот изглед.
Примери:
Селаните ја возобновија старата црква.
Младите клетки се размножуваат и ги возобновуваат умрените.
Слично со:
обнови (св.)
2.
3апочне одново некоја стара, прекината работа.
Примери:
Сакаат да ја возобноват идејата за референдум.
Сите селани ги возобновуваа заборавените ниви во планината.
3.
(се возобнови) Се одржи, се врати во претходна состојба.
Примери:
Целта била да се возобнови кралството.
Убавината треба да се возобновува.
4.
(се возобнови) Прави некој спомен, настани повторно да се појави.
Примери:
Му се возобнови сликата од дамнешната средба.
Во песната се возобновува оплакувањето.
Изведенки
1.
возобновува несв.
(се) возобновуваат
(се) возобновуваат
2.
возобновување ср.
глаг. им.
глаг. им.